Двајца антикорупционери под истрага за аферата со патните трошоци

by fokus

Обвинителството сомничи двајца поранешни членови на Комисијата за спречување на корупција во истрагата за злоупотреба на патните трошоци, вели шефот на скопското основно обвинителство, Сашо Рајчев, во интервју за „Телма“.

-Обвинителството отвори истрага за овој предмет по допрен глас и се појави потреба да се прегледа финансискот извештај на Комисијата за да се утврдат евентуални неправилности во користењето на патните трошоци од страна на членовите на Комисијата. Извештајот беше проучен и се продолжи со проверка на целокупната документација која се однесува на евентуални незаконски исплати. Произлезе дека има потреба од вербални докази, па во моментов имаме две осомничени лица, членови на Комисијата, повикани да дадат исказ. Поканата е веќе испратена – изјави Рајчев.

Во врска со формирањето на Специјалното јавно обвинителство, тој додава дека се покажа како успешен концепт, но останува да се додефинира неговата улога во рамки на Републичкото Јавно Обвинителство.

-Во овој момент високата корупција ја работи ОЈО за организиран криминал и корупција. Дали СЈО ќе ја земе високата корупција, и во тој случај која ќе биде целта на обвинителството за организиран криминал и корупција? Сметам дека СЈО треба а биде во рамки на ОЈО но со определена самостојност – додава Рајчев.

Поврзани новости