Мицкоски: Горко чувство, силен товар и мака кај граѓаните од промената на името

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вечерва во пресрет на православниот празник Стара нова година беше на Василичарска средба во скопската населба Даме Груев.

По тој повод објави и статус на Фејсбук.

„Можеше да се забележи една заедничка грижа, едно горко чуство кај граѓаните, силен товар и мака, од промената на името и неправдата која му се нанесе на нашиот народ и држава оваа власт. Ние како ВМРО-ДПМНЕ мора да настојуваме и ќе настојуваме таа неправда да биде исправена. Нашата задача не е борба за гола власт, туку пред се нашата цел е Македоноја да престане да губи, а тој процес единствено ќе престане доколку оваа власт си замине. Македонија горда, достоинствена, заедничка, стаменита, исправена и напредна. Ова е нашата цел и нашата задача. И оваа цел ќе ја исполниме заеднички, обедените и силни, затоа што нам ни треба силна Македонија!,“ стои во статусот на Мицкоски.

Поврзани новости