Дваесет и седумгодишно момче убиено во Ново Село

by fokus

Дваесет и седумгодишно момче од Скопје синоќа било прободено со остар предмет во скопско Ново Село, соопшти МВР.

Инцидентот се случил околу 22.40 часот, кога прво започнала расправија меѓу момчето од Скопје и друг тиесетгодишник од селото Мирковци. Тој со остар предмет го повредил дваесет и седумгодишното момче кое било пренесено во Градската општа болница „8 Септември“, каде им подлегнал на повредите.

Увид на местото на извршила екипа од СВР Скопје. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Поврзани новости