Дваесет и деветгодишна девојка пронајдена мртва во нива во Волково

by Fokus

Млада девојка денес била пронајдена мртва со скопско Волково, информираа од Министерството за внатрешни работи.

„Во 9 и 50 било пријавено дека има починато женско лице во нива во близина на последната автобуска постојка во Волково. На местото излегле полициски службеници и биле констатирано дека се работи за лицето М.Ѓ., 29 години. На телото не се пронајдени никакви траги на насилство. Полицијата направи увид, а телото на девојката е предадено на обдукција – потврдија од МВР за „Фокус“.

ФОТО: Борче Поповски

Поврзани новости