Два автомобили во различни сообраќајки излетаа кај Струмица и Виница, има тешко повредени

by Fokus

МВР информира дека вчера рано наутро во 03.10 часот било пријавено дека на регионалниот пат Струмица– с. Баница–с. Вељуса, патничко моторно возило „опел корса“ со струмички регистарски ознаки, управувано од А.С.(20) од Струмица, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот С.И. (20) од Струмица, констатирани во Медицинскиот центар Струмица.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Струмица.

Вчера, пак, во 18.00 часот било пријавено дека на регионален пат во близина на Виничка крстосница патничко моторно возило „голф“ со винички регистарски ознаки, управувано од Ј.Е.(67) од Виница, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила Ј.Е., констатирани во Медицинскиот центар Штип.

Извршен бил увид од увидна екипа од Полициската станица Виница.

Поврзани новости