Дури 110 професори му пишаа на Груевски против новите „реформи“ во високото образование

by Фокус

Не стивнуваат реакциите на студентите и професорите околу воведувањето на државен испит на факултетите и новите законски измени во високото образование, кое според нив ја руши автономијата на Универзитетот. Откако, во недела на отворена владина седница премиерот и министрите едногласно го поддржаа државниот испит без никаква јавна дебата и консултации, околу 110 професори реагираа со отворено писмо до владата.

Тие со име и презиме се потпишуваат под обраќањето во кое ја информираат, Владата дека доколку не отстапи од почнатата постапка повторно да го измени Законот за високо образование, тогаш таа ќе се соочи со жесток отпор во сите негови академски и граѓански облици.

„Најодговорно тврдиме дека државниот испит не е „лекот“ на болестите од кои страда високото образование. Ваквиот државен интервенционизам во автономијата на универзитетот е знак на непочитување, непризнавање и потценување на сопствената национална академска заедница, нешто што ниту една власт во светот не би го направила доколку држи до националните вредности. Ова е директен идар врз уставно загарантираната слобода на образование, бидејќи државата одлучува кој може да дојде до диплома, а кој не е способен за тоа. Со најновите законски решенија, кои го надминуваат прашањето за државниот испит, вие го укинавте универзитетот како таков – се наведува во отвореното писмо од професорите до владата.

Студентите во петок го закажаа третиот протест по ред, на кој повторно ќе го кренат својот глас против воведувањето државен испит на факултетите.

 

 

Поврзани новости