Студентите во петок во 14 часот повторно на протести

by Fokus

Студентите во петок во 14 часот повторно ќе го кренат својот глас против државниот испит, најавувајќи уште помасовен протест.

– Изгледа дека она што владата го подразбира под „јавна расправа“ е (консензуален) разговор на министрите и премиерот пред камери. Покрај сите “јавни дебати”, свесно прекршување на законите, како и целосното игнорирање на Студентскиот Пленум како и на самите универзитети, ние не се откажуваме! Драги граѓани, студенти, професори, родители, средношколци, професори и пензионери да не дозволиме овој монолог на владата да продолжи!, повикуваат студентите.

Тие ги повикаа сите граѓани да излезат на улица, за да како што велат, си го вратат образованието назад.

-Ова е моментот кога треба да искажеме револт не само поради лошите реформи, туку и затоа што сопствената држава без срам не игнорира, дрско ни се потсмева, невешто не заокружува. Затоа во петок, сите на протест!  Помасовно, побунтовно и покреативно, затоа што сите заедно сме посилни – се вели во соппштението на Студентскиот пленум.

 

Поврзани новости