ДУИ: ВМРО и СДСМ беа и против премиер-Албанец, но се случи

by Фокус

Со актуелизирање на нашата програмска идеја за промена на концептот за избор на претседател на државата во Собранието со 2/3 од гласовите и со Бадентеровo мнозинство која го отвора патот за избор и на првиот премиер албанец, неочекувана беше реакцијата на најголемите партии на македонски политички блок против неа, реагира ДУИ.

„ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ беа и против првиот премиер албанец, но тоа се случи! Демократската унија за интеграција ги повикува ВМРО ДПМНЕ и СДСМ да рефлектираат и да се оградат од архаичните политики кои чинат десетици милиони евра, многу енергија во општеството, ја блокираат економијата неколку месеци додека резултатот од тоа е речиси нула.

Ништо лошо не ѝ се случи на нашата земја од првиот премиер Албанец, од претседателот Албанец на Собранието, од првиот вицепремиер, од министрите Албанци за надворешни работи, за одбрана или за внатрешни работи, од сите оние Албанци кои досега ја водеа државата, напротив, направени се големи чекори напред, обезбедена е прозападната ориентација на земјата“, велат од ДУИ.

Поврзани новости