ДУИ: Македонија организираше демократски избори

by Фокус

Портпаролот на изборниот штаб на ДУИ, Арбр Адеми, во своето обраќање по затворањето на гласачките места, оцени дека избониот ден поминал во фер и демократска атмосфера, според европските стандарди.

-Владата на Република Македонија покажа демократски капацитети за организирање демократски избори. Гласањето веќе е затворено и процесот на броење на гласовите е започнат – рече Адеми.

Тој додаде дека кога партијата ќе ги има првите резултати, ќе ги сподели со јавноста.

Поврзани новости