БЕСА обвинува дека „алфи“ го малтретирале шефoт на избориот штаб на партијата

by fokus

Припадници на единицата Алфа, без причина во Чаир го запреле и го претресувале возилото на Меритон Чивули, шеф на изборниот штаб на движењето Беса, изјави денеска на прес конференција претседателот на партијата, Билал Касами.

Според БЕСА, нивни членови и активисти денеска биле малтретирани од припадници на посебната единица на полицијата Алфа, и од симпатизери на ДУИ.

Наводно околу 15 часот, во училиштето „Иднина“ во Чаир бил претепан активист на БЕСА. Од БЕСА тврдат дека тој бил претепан од приврзаници на ДУИ.

Поврзани новости