490
ДУИ го одржа првиот партиски состанок во пресрет на изборите на кои очекуваат да освојат најмногу гласови од албанскиот блок и со тоа повторно да влезат во новата влада.
– Апсолутно демократско право е дека треба да се почитува гласот на граѓаните на Македонија, и ние остануваме на тој курс, дека секогаш гласот на народот е тој што треба да се престави во Собрание или во кои било други институции – изјави Беким Незири, шефот на изборниот штаб на ДУИ.
ДУИ ќе се насочи и кон гласачите во дијаспората од кои очекува голема поддршка.