Седдумина затруени од печурки во скопско Сопиште

by Fokus 17:11
17:11

Седум луѓе се затруени од печурки во скопско Сопиште, објави телевизија Телма. Петмина во текот на денот се донесени на Клиниката за токсикологија, од нив еден е пуштен дома, а лекарите попладнево очекуваа уште двајца кои пријавиле дека им е потребна медицинска помош.

Според информации на релевизијата, труењето се случило вчеравечер откако луѓето јаделе од печурките кои сами ги собирале, а првите симптоми се појавиле по пет часа.

- Advertisements -

Поврзани новости