ДУИ: Државна поддршка од 20.000 евра за сите млади за купување стан или куќа

by Frosina Fakova

Кандидатот на ДУИ за прв премиер Албанец, Насер Зибери, денеска посети млади семејства, со кои разговараше за проблемите со кои тие се соочуваат.

-Нашите заложби во овој поглед се многу сериозни. Ние мора да ги насочиме нашите идеи во однос на плановите за поддршка на младите луѓе, во насока на поддршката за младите парови до 35-годишна возраст, кои имаат посериозни потреби и предизвици. Поточно, мора да ја насочиме нашата поддршка кон паровите кои сè уште не го решиле станбениот проблемот – да им се понуди помош во вид на кредит без камата до 20.000 евра, истакна Зибери, за време на разговорот со еден млад пар.

Поврзани новости