Можно е пак да се затворат границите со Србија и Косово

by Frosina Fakova

Со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството, Комисијата за заразни болести на утрешниот состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или затворање на граничните премини со овие земји, соопштуваат од Министерството за здравство.

-Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата, се вели во соопштението.

Поврзани новости