390
Демократската унија за интеграција денеска свика нов состанок на Централното претседателство на кое треба да се донесе одлука дали партијата ќе влезе во влада со СДСМ или пак ќе поддржи малцинска влада.
-Поради некои околности кои се поврзани со рокови одлучивме да дадеме подршка со десет пратеници на СДСМ, но тоа не значи дека имаме договор за коалиција, само се дава поддршка за мандат, за да се деблокираат некои процеси, рече во петокот Бујар Османи.
Од ДУИ остануваат на ставот дека предлог-законот за употребата на албанскиот јазик е главен и единствен услов од кој ќе зависи нивното учество во владата.