Доцна синоќа биле искршени стаклата на кафулето „Излет“ кое се наоѓа во близина на грчката амбасада во Скопје. Сопственикот на кафулето објави видео од скршените стакла.
Во ова кафуле се одржуваа настани за собирање донации за плаќање на прекршочните пријави за фрлање боја на демонстрантите од Шарената револуција.