ДСЗИ ќе врши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница: Треба да се утврди како бебето добило сепса

by Fokus

Државниот санитарен и здравствен инспекторат ќе изврши вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на новороденчето старо десетина дена.

Според информациите бебето починало од сепса на Клиниката за детски болести во Скопје, каде било донесено во тешка состојба од прилепската болница. Од Клиниката за детски болести во Скопје велат дека бебето кај нив било донесено со неправилно дишење, било згрижено на единицата за интензивна терапија, првично со неинвазивна поддршка на респирацијата, а потоа поставено на механичка вентилација по што починало.

Мајката преку објава на Фејсбук, за смртта на нејзиното бебе ги обвини лекарите во прилепската болница. Таа вели дека ниту еден од лекарите немале одговор како здраво родено бебе добило сепса.

Од болницата во Прилеп потврдија дека новороденчето се родило во добра здравствена сосотјба, воспоставено било доење но потоа поради податок за бактериска и вагинална инфекција кај мајката, земена е крв од новороденчето, која сепак била со уреден наод. Но состојбата се влошувала поради што бебето е транспортирано на Детската клиника во Скопје

Поврзани новости