Детална метео анализа за овој викенд, како и за следната недела

by Фокус

За време на овој викенд во попладневните часови ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за локална појава на град. Максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 29 до 36 степени.

Во Скопје и околината, исто така во попладневните часови ќе има услови за локална нестабилност проследена со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната дневна температура се очекува да се искачи до околу 34 степени, и до околу 32 во текот на утрешниот ден.

Потоа во текот на следната недела ќе имаме претежно стабилно, суво и сончево време. Во понеделник ќе има мала до умерена локална облачност додека во планинските места ќе има услови за локален краткотраен дожд и ретки грмежи. Ќе продолжи да биде многу топло, особено топло ќе биде на средината од следната недела кога максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 32 до 40 степени.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости