ДС: Да се отвори кривична постапка против Спасов

by fokus 13:13
13:13

И Демократскиот сојуз денеска побара од заменик-министерот Диме Спасов да си поднесе оставка од функцијата, но и против него да биде отворена кривична постапка.

-Управување на возило под дејство на алкохол и напуштање на местото на сообраќајна несреќа, како и обидот да подметне друго лице како учесник во сообраќајката, говори за профилот на личноста, но и за забеганоста на власта. Поради ова бараме МВР да соопшти што точно се случило и што е преземено против Диме Спасов досега. Инаку Диме Спасов нема ниту морален ниту човечки кредибилитет и понатаму да извршува јавна функција, се вели во соопштението на Демократскиот сојуз.

- Advertisements -

Поврзани новости