Државјанин на БиХ ограбил џамија во гостиварско Чегране

by Fokus

Приведен 50-годишен државјанин на Босна и Херцеговина за тешка кражба во џамија во гостиварско.

„На 04.03.2024 околу 09.45 часот, полициски службеници на СВР Тетово – Одделение за внатрешни работи Гостивар го лишиле од слобода 50-годишниот А.П. од Босна и Херцеговина.

Тој се сомничи дека извршил „тешка кражба“ во џамијата во гостиварско Чегране, од каде одзел пари. Тој е задржан во Полициската станица Гостивар и по целосно документирање на случајот против него ќе следува поднесок“ соопшти МВР.

Поврзани новости