Во Русија бараат истрага за смртта на Сталин

by Fokus

Комунистичката партија на Русија денеска побара од Федералната служба за безбедност и од Државното обвинителство да ја истражат можната вмешаност на западните разузнавачки служби во смртта на советскиот лидер Јосиф Сталин во 1953 година.

Многубројните сведоштва на современиците на Сталин зборуваат за можноста водачот на советскиот народ да бил отруен од агенти под влијание на Западот, изјави претседателот на Комунистичката партија на Русија, Сергеј Малинкович.

Комунистите на Русија, кои беа регистрирани како партија во 2012 година, денеска ќе одбележат 71-годишнина од смртта на Сталин.

Поврзани новости