420
Вонпарламентарните албански партии во Македонија, Движење за реформи-ДПА, НДП и Унитети склучија договор за соработка. Претседателите на трите партии, Зијадин Села, Весел Мемеди и Гзим Острени, го потпишаа договорот за заеднички настап на претстојните парламентарни избори кои ќе се одржат на 11 декември.
Зијадин Села истакна дека целта на оваа коалиција е за на Албанците во Македонија да им се даде надеж за промени.
Партиите најавија дека нивната коалиција ќе биде отворена и за други организации и партии кои досега не биле застапени во Собранието.