Телото на затвореникот од Идризово на обдукција, случајот го испитува и обдусманот

by fokus

Телото на четириесет и шестгодишниот Златко Шеќероски од Радожда, кој почина завчера во затворот Идризово е предадено на обдукција, за да се утврди зошто и кога настапила смртта.

Според семејството и цимерите на затвореникот, тој починал во затворот барајќи лекарска помош, а директорот на затворот Живко Пејковски тврди дека починал на пат кон болница.

Во случајот се вклучи и Народниот правобранител кој ќе истражува како затворската амбуланта го третирала затвореникот и дали имало лекарски пропуст.

-Ние овој случај ќе го тераме до крај. Ако утврдиме дека постојат основани сомненија за одговорност на управата на затворот Идризово, или за нефункционалност на тамошната здравствена служба, Народниот правобранител ќе бара и кривична одговорност- изјави за САКАМДАКАЖАМ.МК Омбудсманот Иџет Мемети.

Затвореникот, според тврдењето на семејството, починал откако лекарот во амбулантата му рекол дека не му е ништо и го пратил назад во ќелијата. Тој неколкупати претходно се жалел дека не се чувствува добро, но како што тврдат роднините, медицинска помош не му била пружена.

Поврзани новости