Доктор Микиќ: Новите ограничувања се со цел да ја задржиме ниската стапка на смртност која е под четири отсто

by fokus

Докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје на денешната прес конференција рече дека во Македонија стапката на смртност е една од пониските и изнесува под четири отсто и дека новите ограничувања се во насока да се задржи ниската стапка.

-Во овој период немаме друг начин да го сопреме вирусот, освен со вакви мерки. Ако не се преземат овие мерки, бројките ќе станат многу поголеми и ќе се оптерети здравствениот систем. Да го издржиме овој период, се со цел да ги заштитиме оние кадешто ова забоаленување може да предизвика тешка клиничка слика па и смртност.
Смртноста во нашата земја е под четири проценти, но мораме да ги преземеме овие мерки, да ја задржиме ниската стапка на смртност, рече доктор Микиќ.

Поврзани новости