15 новозаболени од корона вирус во изминатото деноноќие

by fokus

Во изминатите 24 часа регистрирани се 15 новозаболени од корона вирус во Македонија, соопшти министерот Венко Филипче.

-Регистрирани се 15 нови случаи. Во Скопје 4, Куманово 8 и по еден во Тетово, Струга и Штип. Со ова вкупната бројка изнесува 570 лица.  Со оглед на тоа што епидемијата сосема очекувано, го смени текот. Ова е фаза во која очекува бројот на пациенти да расте и токму затоа беа донесени новите мерки. Беше забележливо дека и досега во една фаза дел од граѓаните не ги почитуваа препораките. Ги имавме предвид и претстојоните празници и убавото време кога ги носевме овие дополнителни мерки, рече Филипче.

Поврзани новости