Доктор Микиќ: Има индиции дека населението кое примило БСЖ вакцина е поотпорно на Ковид 19

by fokus

Одговарајќи на новинарско прашање, докторот Владимир Микиќ од Институтот за јавно здравје рече дека има индиции населението кое има примено БСЖ вакцина е поотпорно на корона вирусот.

-Според некои испитувања, има индиции дека населението кое ја примило БСЖ вакцината е поотпорно на Ковид 19. На Балканот се уште се прима оваа вакцина. Но, засега тоа се само индиции. Ние ги следиме сите нови истражувања и ќе се однесуваме според добиените резултати, рече доктор Микиќ.

Во Македонија населението се вакцинира со БСЖ вакцината против туберколоза. Земји како Италија и Холандија не ја употребуваат оваа вакцина.

Поврзани новости