Доктор Чолакова: Не земам 3.600 евра плата

by Fokus

Спин е информацијата дека јас земам 3.600 евра плата. Ова го истакна претседателка на Здружението на матични лекари, доктор Лилија Чолакова Дервишова, откако дел од медиумите денеска објавија дека нејзината ординација во февруари добила околу 3.600 евра за капитација од Фондот за здравство.

„Со тие пари се подмируваат тековните трошоци. Во приватното здравство ни немаат штрафче дадено, а доктор Лилија е меѓу првите десет кои државата не ја вработила во јавно здравство. Јас сум на 40 илјади пријавена, другата доктрока е над 30 илјади, сестрата е на 28 илјади, другата е на 26 илјади, а имаше и период бидејќи другата сестра е на хемотерапија, имате период кога треба да платите три сестри“, вели Дервишова во гостувањето во „Вин-вин“ на Телма.

Поврзани новости