Додека шарените го боеја Министерството за правда, паднал нов договор од 40.000 евра за барокната фасада

by fokus

Реконструкцијата на зградата во која е сместено Минисерството за правда предизвика дополнитени и ненајавени трошоци. Фасадата лапна нова сума од државниот буџет. Околу 40.000 евра чинат ненајавени трошоци потпишани од претходниот министер, 26-годишиот Валдет Џафери.

Договорот во четири очи со италијанската градежна фирма „Шенција“ е склучен во јуни 2016 година. Во истиот период се одвиваа протестите на Шарената револуција, а оваа фасада беше една од метите на нивните „бомби“ со боја. Договорот бил потпишан во време кога шарените ја боеја фасадата.

Се работи за постапка во преговарање без објавување на оглас. Фирмата „Шенција“ требало да доизгради делови кои не биле предвидени со основниот договор.

„Набавка на непредвидени работи кои не се вклучени во основниот договор и анекс договорите, а кои при изведување на градежните работи се појавија и се неопходни да се изведат при реализација на Договорот за реконструкција и адаптација на северна фасада и реконструкција и доградба на дел од просториите на објектот на Министерство за правда во Скопје“, стои во објаснувањето на јавната набавка објавена денеска на сајтот на Бирото за јавни набавки.

Фасадната реконструкција на овој објект направи цех од речиси 3,5 милиони евра. Кога почна постапката за реконструкција во 2012 година, беше најавено дека градежните работи ќе чинат не повеќе од 2,9 милиони евра.

Носител на набавката беше италијанска фирма „Ламоне Мореда“, но во меѓувреме фирмата влезе во стечај и беше ребрендирана во „Шенција ДОО“ Форли Италија.

Истата фирма го реконструира и Албанскиот театар, кој требаше да биде пуштен во употреба пред две години. Оваа градба е се уште во тек.

Поврзани новости