Уште еден земјотрес го затресе Дојран

by fokus

Уште еден земјотрес со јачина од 4 степени според европската макросеизмичка скала го затресе дојранското подрачје во 18.36 часот денеска. Според жители од Дојран пред земјотресот слушнале сислен татнеж и бучава, по што осетиле лулање. Вибрациите траеле неколку неколку секунди.

Длабочината на подместувањето на земјиното тло е регистрирана на два километри одалеченост од земјината површина. Епицентарот е регистриран на 144 км југоисточно од Скопје, а на 10 км североисточно од Дојран.

Земјотресот е почуствуван и во соседните општини и населени места од југот на Македонија, како и во Грција каде се наоѓа епицентарот и во Бугарија.

Стручњаците јавуваат дека ова се можни афтершокови за смирување на земјиното тло.

Поврзани новости