447
Додека чекал на Клиника за трауматологија, непознат му земал 7.000 денари лажејќи го дека ќе му заврши одредена услуга, информираа од МВР.
Според информациите во полицискиот билтен, вчера во 13.50 часот во Полициската станица Центар, Р.Л.Ј.(39) од Пробиштип пријавил дека во периодот од 09.30 до 10.00 часот во Комплексот клиники „Мајка Тереза”, во Амбуланта на траумотологија, непознато машко лице извршило измама на неговиот татко. Му земало 7.000 денари за наводно да му заврши одредена услуга за парична надокнада за инвалидитет на лица. Откако ги земало парите лицето го напуштило местото на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.