Тешко повреден пешак во сообраќајка во Скопје

by Fokus 16:44
16:44

Четириесетгодишен пешак е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила денеска во 12.50  часот на улица „Кирил и Методиј“ во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи за МИА информираа дека патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистерски ознаки управувано од Д.К (49) удрило во пешакот Б.А (40) од Скопје.

- Advertisements -

Повредениот пешак со возило на Итна медицинска помош е однесен на Клиничкиот центар каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

Извршен е увид на местото на настанот.

Поврзани новости