До МВР се уште нема наредба за приведување на Сеад Кочан

by fokus

Министерството за внатрешни работи се уште не добило судска наредба за приведување на бизнисменот, Сеад Кочан, кој беше осуден на затворска казна од 4 години и 8 месеци во предметот „Труст“.

Кривичниот суд ја одби жалбата на Кочан за одлагање и му порача веднаш да се јави на издржување на затворската казна. Два дена подоцна Кочан се уште не се јавил во затворот Идризово.

Од затворот информираа дека вчера го добиле судското известување за Кочан. Новиот станар бил чекан до истекот на денот, но бидејќи самиот не се пријавил, од Идризово го известиле судот. Не е познато до кога судот ќе му даде рок на Кочан пред да побара присилно полициско спроведување во затворот.

Поврзани новости