Прифатено обвинението за трагичната несреќа кај Ласкарци

by Fokus

Кривичниот суд во Скопје во целост го одобри обвинителниот акт за сообраќајната несреќа што во февруари годинава се случи кај селото Ласкарци, по што е формиран кривично правен предмет, кој преку АКМИС системот ќе биде распределен за натамошно постапување.

-Во однос на повеќе новинарски прашања за обвинителниот акт КО 778/19 поврзан со сообраќајната несреќа која на 13 февруари 2019 година се случи кај селото Ласкарци, ја информираме јавноста дека советот за оценка на обвинителниот акт по разгледување и ценење на фактите и доказите приложени во актот, донесе решение со кое обвинението го одобри во целост, соопштија од Судот.

По оценетиот обвинителен акт, информираат од Кривичниот суд, формиран е кривично – правен предмет со К.бр.1407/19 кој согласно АКМИС – системот ќе биде распределен на понатамошно постапување, а отткако ќе биде насрочен термин за главна расправа странките и јавноста ќе бидат дополнително известени.

Во несреќата кај Ласкарци загинаа 16 лица, а 37 беа потешко повредени.

Поврзани новости