До 2024 да отвориме 80 отсто од поглавјата на ЕУ, порача Заев

by Fokus

Во изминатите три години покажавме дека со СДСМ, ЕУ и НАТО станаа реалност. Од другата страна, со ВМРО-ДПМНЕ возможна е само обнова на режимот, порача денеска лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

„По цела деценија стагнирање, денес Северна Македонија е 30. земја членка на НАТО и имаме одлука со која наскоро започнуваме преговори за членство во ЕУ. Членството во НАТО значи дека нашите граници се трајно обезбедени, нашата безбедност е загарантирана. Тоа значи и нови инвестиции, нови работни места и повисоки плати за сите. Тоа е пристап на пазар од 4 милијарди евра годишно, пазар за нашите, домашни компании.  Влеговме во НАТО, можеме и во ЕУ. Членството во НАТО е влезница за ЕУ. Оваа година целосно заслужено почнуваме преговори со унијата. Подготвени сме, знаеме и можеме, со новата Влада предводена од СДСМ до 2024 да отвориме 80% од поглавјата за интеграција во ЕУ“, порача Заев.

 

Поврзани новости