Армискиот хеликоптер на АРМ вчера направил дури 22 прелети и гаснења на пожарот во Трубарево.
-Во реонот на Трубарево, во близина на Скопје, хеликоптер Ми-8/17 од воздухопловниот ВИНГ на Армијата на Република Северна Македонија беше ангажиран во мисија за гаснење на голем пожар кој зафати индустриски објекти и околна вегетација.
Интервенцијата беше спроведена во периодот од 15:10 до 17:10 часот, при што беа извршени 22 прелети, со вкупно испуштени 55 тони вода врз најзагрозените делови од теренот, информираа од АРМ.

Отаму додаваат дека со навремената и ефикасна реакција, припадниците на Армијата дадоа значаен придонес во стабилизирањето на состојбата, спречувајќи понатамошно ширење на огнот и заштитувајќи ја животната средина и локалното население.
-Воздухопловните сили остануваат во состојба на зголемена готовност, активно ја следат ситуацијата на теренот и се подготвени за повторна интервенција доколку се појави потреба. Превентивното дејствување и заштитата на населението остануваат врвен приоритет, информираа од АРМ.