Диригентот Тодороф

by Фокус

Пишува: Доктор Ангелчо Андоновски

Да бевме во Русија ова ќе звучеше како прекрасна најава за некоја преубава филхармониска изведба на некое велелепно дело на големите композитори под палка на врвен диригент. Ама, во Македонија личи на намерен сарказам и сатира баш поради тоа што Тодороф претставува нешто кое е спротивно на било што добро изведено.

Самиот министер Тодороф ги построи како ученичиња новите тимови на брзата помош , како диригент застана пред камерите да се пофали дека сега се чекаат и нови возила и тендерот ќе биде на 5.04.2016 и дека ќе тече мед и млеко, повисоки плати,  а заборави на уште една поголема мизерија која е скриена дека тимовите , моите колеги беа во позајмени униформи колку за сликањето да помине, смешно, жалосно ама важно тој беше исправен и подготвен да мафта со диригентската палка, професионалец прав.

Министерот и си кажа на очетот дека непостои идеално здравство. Па, после толку време и толку помпа и популизам каде ветуваше се и сешто сега ни се освести да каже дека непостоело идеално здравство , затоа што незнае ни да го подоправи ова, а камо ли да го идеализира. Клиниките веќе ги немаат ниту потребните и неопходните помагала за работа, за тоа се зборува веќе многу долго, пациентите пак си купуваат сами и одат со сопствените лекови, шприцеви, системи во рака за да се лекуваат, а министерот најавува нови проекти кои се смешни и се само оптоварување на државата која сеуште не ги подмирила претходните побарувања, а ќе прави нови, се е тоа на терет на народот.

Најболното нешто кое сеуште ни се случува на нашата фела е онаа деградација која министерот ја спроведе, му дозволи на народот како пациент да и покрај тоа што доаѓа да се лекува во нашите институции го третира лекарот и медицинскиот персонал како нешто ништожно а од нив животот му зависи , побрза Тодороф да популистички пред овој народ донесе закон за пациенти без да донесе закон и за здравствениот работник само со цел да му се додвори на нашиов сеуште заблуден народ, па така да здравствениот работник стана топовско месо или стока за отстрел, не пукаа , плукаа , тепаа и што ли уште не. Сето тоа се случуваше зашто овој министер кој и самиот не е лекар не даде појаснување и објаснување што значат медицински процедури , медицински протоколи, па народот се најде во заблуда и почнаа да се појавуваат секаков вид на проблеми а новинарите и тие не знаејќи не распнаа .Не знаеа дека оваа режија оваа претстава е подготвена токму од гробарот на нашето здравство и неговата тајфа и се нафрлија за жал несвесно.

Кој ќе ни надокнади за годините кои ги поминувавме во ваква тортура? Добра околност е записот од новинарската фела за да бидат сведоштво и пример како не треба за идните генерации.Довербата за да се врати меѓусебна ќе треба време а и помош од страна на оние кои незнаејќи го направија оваа лошо владение на изгубениот во преводот да биде уште погорко. Диригентот продолжува да се појавува постојано, двоецот Грујо и Тодороф растураат насекаде ,дури се плашам недај боже еден ден и од фрижидерот да ни излезе , да беседи за тоа што било најавено и дека ќе реализирал уште толку или волку проекти демек на половина бил од мандатот на половина од реализација 52%, ама познавајќи ги нив ќе останат само три ивичњака кои останаа после сликањето , тоа значи да моите колеги од брзата помош ќе мора да ги вратат позајмените униформи во поликлиника Букурешт, смешно и болно.

Библиската поговорка, простете им не знаат што прават  во Македонија, каков што имаме правен систем кој е под диригентска палка на тајфата на Тодороф ќе воведат и закон кој би ги амнестирал за сите досегашни зулуми направени врз здраството, лекарите, медицинскиот персонал па и народот во Македонија но дали ќе успеат да се спасат времето ќе покаже. Како за крај да се знае веќе економските директори станаа тие кои од сега ќе тепаат, камшикуваат, бркаат и ставаат на клада бидејќи диригентот со палката им ја даде можноста да се тие кои ќе ја спроведуваат политичката агенда а лекарите директори ќе го следат сето тоа немо и бледо? Соучесници или?Дали треба да е тоа така нека самите се сетат дека се дел од лекарската фела и луѓе кои одговараат за животи и ќе се одговорни за она што системски  Тодороф го спроведува и  се стреми да не направи дно и мизерија.

 

Поврзани новости