Директорот на Здравствен дом Скопје: Починатиот притвореник бил зависен од кокаин, не сметам дека се работи за Ковид 19

by fokus

Директорот на ЈЗУ Здравствен дом Скопје, професор доктор Виктор Исјановски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека според досегашните инормации кои ги има за притвореникот кој денеска почина во затворот во Шутка, не смета дека се работи за корона вирус.

Моите последни информации, по разговорот со затворскиот лекар е дека се работи за млада особа, која немала симптоми на Ковид 19. При последната проверка во 14 часот дури и бил весел. После тоа заминале да одморат и од страна на затворските служби била констатирана смрт. Повикана е итна помош и констатирана е смрт. Се работи за зависник, претежно на кокаин. Кон крајот на февруари бил виден од психијатар и му била препашна терапија. И тоа се сите информации кои досега ги имаме, но јас сметам дека не се работи за Ковид 19, туку за нешто друго, рече Исјановски.

Поврзани новости