Директорот на струмичката болница: Некоја сестра го напишала известувањето, не ме прашале за текстот

by fokus 11:49
11:49

Отстрането е известувањето од акушерското одделение во струмичката болница со кое се бара од родилките пред породување да донесат извод од венчаните.

– Лани, тогашниот министер за здравство Арбен Таравари даде „Мој термин“ за новородени деца да има лична карта и извод од матична служба. Текстот не е таков каков што е напишан таму на натписот, некоја сестра од Акушерско го напишала така и го залепиле да има известување. Не ме прашале мене како да биде текстот. Тие што го напишале натписот, не се во право. Тоа требало да биде интерно во самото одделение. Тие ги бараат тие документи секако, матична служба бара да се пушти на време раѓањето на детето, два до три дена максимум да се поднесе пријавата до матичната служба. Ама текстот што е даден не е така напишан како што е во законот, законското решение. Тие произволно така го ставиле. Ако има извод во ред, ако нема нема, тоа никогаш не било пречка. Прво раѓањето, па потоа луѓето ќе си ја вршат работата – директорот на струмичката болница, Наќе Гогов, за весникот „Слободен печат” .

Гогов додава дека ниедна родилка што била дојдена во болницата не била вратена. Досега немало таква реакција некој да отишол и да се пожали оти такво нешто се случило.

- Advertisements -

Од Министерството за здравство потврдија дека натписот бил отстранет.

Поврзани новости