Директорката на Инфективна ќе се вакцинира со АстраЗенека

by Фокус

Директорката на Инфективната клиника, Милена Стевановиќ, во емисијата „24 Анализа’ рече дека ќе се вакцинира со вакцината на „АстраЗенека“. Воедно, таа потенцираше дека мора да постои доверба во здравствениот систем.

-Мораме да имаме доверба во нашиот систем. Јас ја имам, не само затоа што работам во него. Се потешко ќе ни биде во секоја идна и сегашна ситуација, ако не веруваме во она што го прави здравствениот систем. Верувам дека многу малку верувале и очекувале дека ќе се носиме со работите вака како што се носиме, а јас сметам дека многу професионално и многу добро се носиме – изјави Стевановиќ.

Поврзани новости