Директори на Телеком казнети во САД за подмитување и тајно договарање со македонски премиер

by fokus 20:22
20:22

Елег  Штрауб  и Андрас Балог  ќе платат парични казни од 250,000 (Штрауб), односно 150,000 долари (Балог) и добија петгодишна забрана за вршење дејност како директори или вработени во сите акционерски друштва, објави денеска Американската комисија за хартии од вредност, а пренесува НОВА ТВ.

Директорите од „Маџар Телеком“ беа обвинети за предводење на тајните договори со премиер и други лица од Македонија со цел да ја спречат конкуренцијата на пазарот, изјави Стефани Авакиан, извршен директор на Одделот за истраги во Комисијата за хартии од вредност. Таа кажа дека во фебруари годинава третиот директор направил спогодба со судот и платил казна од 60,000 долари со што го признал делото дека фалсификувал книги на компанијата во врска со шемата за плаќање мито на македонски политичари.

- Advertisements -

Претходно, во првиот процес којшто се водеше во Окружниот суд во Њујорк во декември 2011 компанијата „Маџар Телеком“ плати 95 милиони долари казни.

Поврзани новости