Министерство за финансии: Главна пречка за исплата на субвенциите е Изборниот законик

by fokus 20:14
20:14

Главна пречка за исплатата на субвенциите за земјоделците е Изборниот законик, се огласи денеска Министерството за финансии.

-Главна пречка за исплатата на субвенциите се одредбите од Изборниот законик. На земјоделците од 2006 до 2016 година им се исплатени милијарда и 55 милиони евра субвенции, пред тоа тие воопшто не добиваа субвенции.Секогаш кога има можност Министерството за Финансии им излегува во пресрет на земјоделците, се правдаат од Министерството.

Земјоделците утре излегуваат на протести со блокади на неколку патни правци во земјава и пред Министерството за земјоделство во Скопје. Бараат итна средба со надлежните за лично да им соопштат зошто не им се исплаќаат субвенциите.

Поврзани новости