481
Воведуваме пробна година за државниот испит и нема да се отстапи од потребата за реформи, рече Илија Димовски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
– Има уште две-три години од спроведување на законот, а во меѓувреме, ако има потреба од интервенции, тие ќе се направат – рече Димовски.
Според него, последните студентски протести се повеќе политички отколку студентски.
– Говорите се политички, транспарентите се политички. Протестот на Студентскиот пленум се однесе во политика, се претвори во антивладин студентски пленум – истакна тој.