Собранието го усвои државниот испит и новите законски измени во високото образование

by Фокус

Со 67 гласа „за“ и 9 „против“, Собранието вечерва го изгласа воведувањето на државен испит и ги изгласа предложените измени на Законот за високо образование.

Владејачкото мнозинство го донесе законот и покрај противењето на студентите и голем дел од професорите, кои најавија дека вечерва ќе се соберат пред Парламентот за симболично да го погребат македонското високо образование.

Според министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, државниот испит ќе стартува како пилот-проект во учебната 2016/2017 година, ќе се полага два пати во текот на студирањето и доколку студентот не положи во втора година, ќе може да се запише во трета година. Испитот ќе го полагаат и оние студенти кои студираат во моментот и ќе се запишат на магистерски студии. Адеми прифати амандман со кој се предлага резултатите од првиот пробен државен испит да немаат правни последици, пред да се одржи вистинскиот државен испит.

Пратеникот на ДПА, Беким Фазлиу од говорницата порача дека без гласовите на пратениците на ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ и да имале 120 пратеници, не би можеле да ги донесат овие закони.

 

Поврзани новости