Димовски избега од новинарите

by Fokus

Пратеникот Илија Димовски, пред малку излезе од Специјалното јавно обвинителство, каде што беше повикан да даде исказ како осомничен во случајот „Талир“.

Димовски не им одговори на новинарите дали дал исказ или барал увид во доказите, буквално бегајќи од нив и кусо извикувајќи дека веќе им дал изјава. Тој пред да влезе во СЈО, накусо посочи дека бил повикан дека многу зборувал во Собранието.

Поврзани новости