Средба Заев-Могерини: До есен да добиеме препорака за преговори со ЕУ

by fokus

На денешната средба помеѓу премиерот Зоран Заев и високата претставничка за надворешна политика и за безбедност на ЕУ, Федерика Могерини, била изразена цврста поддршка на реформските напори на новата Влада.

„Во интерес на граѓаните на Македонија е иницијативата за нова динамика во евроинтегративниот процес. Нашата цел е до есен да обезбедиме доволен прогрес во клучните реформски области, со што ќе дадеме доволно аргументи на Европската комисија да презентира нов извештај пред земјите членки, со обновена препорака за почнување на преговорите за членство на Македонија во ЕУ“, изјавил Заев на средбата во Брисел.

Могерини најавила дека Македонија има силен сојузник во ЕУ при спроведувањето на реформите и според неа, ако реформите бидат спроведени, Европската унија е подготвена да возврати.

Премиерот Заев на средбата рекол дека новата влада се залага за добрососедски односи и за регионална соработка, засновани на меѓусебно почитување и ја истакнал важноста на отворањето на поглавјата 23 и 24 од претпристапните преговори.

Поврзани новости