Димковски: Земјоделците не се оставени на цедило

by fokus

Државниот инспекторат за земјоделство од понеделник излегува на терен да изврши драстични контроли во врска со проблемите со откупот на тутун, порача Трајан Димковски, член на Централниот Одбор на СДСМ и министер за земјоделство, шумарство и водостопанство на трибината Агенда 20-24 во Струмица.

Тој додаде дека тутунарите нема да бидат оставени на цедило, а ако се утврдат неправилности при откупот ќе следат казни за тутунските компании, за да нема застој во откупот на тутунот.

„Инаку, оваа влада создава одличен амбиент во откупот на тутун, за кој се даваат 30 милиони евра субвенции, и тоа 80 денари за прва класа, 70 денари за втора класа и 60 денари за 3 класа и за останатите класи“, истакна Трајан Димковски, на трибината Агенда 20-24 во Струмица.

 

Поврзани новости