ДУИ до Собранието го достави предлог-законот за ветинг

by fokus

ДУИ денеска до Собранието го достави предлог-законот за ветинг, кој го најавува повеќе од седум месеци. Пратеникот Артан Груби рече дека очекува законот да се изгласа пред изборите.

„Се надеваме дека ќе го усвоиме и на следните избори ќе настапиме со агенција која ќе ги испитува сите кандидати и носители на државни функции за да знаат граѓаните за кого ќе се определуваат“, рече Груби.

Во однос на преговорите на работната група околу законот за јавно обвинителство, Груби рече дека очекува консензус.

Тие, како што рече, побарале да се отслика законот за јазиците и да се намалат критериумите за да има соодветна етничка застапеност. На денешната средба реагирале зашто 10 амандмани што претходно биле усогласени на Комисијата за европски прашања, сега не биле инкорпорирани во предлог-законот.

Поврзани новости