Димковски: Субвенциите ќе се исплаќаат редовно, храна има, нема потреба од паника

by fokus

Министерот за земјоделие Трајан Димковски на денешната прес конференција истакна дека нема потреба за паника. Храна има, а земјоделците навреме ќе ги добијат и субвенциите.

-Нашата држава се наоѓа во најтешкиот период. Нашата примарна задача е да направиме се за да го заштитиме јавното здравје. Затоа упатувам поддршка до здравствените работници, армијата, полицијата… Вработените во аптеките, супермаркетите, кои се на работа за да ги опслужат граѓаните, рече министерот.

Тој додаде дека интензивно се бара начин и за откуп на јагнињата.

-Платежната агенција продолжува со редовната исплата на субвенциите. Интезивно работиме на наоѓање на начин за откуп на јагнињата. Во постојана комуникација сме со откупувачите и се бараат алтернативни пазари за откуп на јагнето надвор од Македонија, потенцираше министерот.

Тој додаде дека се регулира и транспортот на стоки.

-Транспортот на стока не е забранет. МНР заедно со министерствата на другите држави изнаоѓаат заеднички протокол за транспорт на стока, за да се одвива непречено, рече министерот кој додаде дека сточните пазари се затворени.

-Донесена е забрана за извоз на пченка и пченица. Храна има, целата прехранбена индустрија е мобилизирана и паника не треба да има, порача министерот.

Поврзани новости