Димитров за упадот на Стоилковски: Загрижен сум што луѓе од овој сој трчаат за сериозни позиции

by Frosina Fakova

Кандидатот за пратеник и носител на листа на СДСМ во ИЕ 1 Никола Димитров, денеска на својот Фејсбук профил реагираше за вчерашниот упад на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски на неговата прес-конференција.

-Мене ми е срам, јас како граѓанин сум навреден, што луѓе од овој сој, коишто во секое општество во 21 век се на екстремистичките политички маргини, кај нас денеска се во позиција да трчаат за сериозни политички функции. Затоа, ова не смееме да го дозволиме и да се залажеме да помислиме ова да го сведеме на обичен театар и напуштете ги, тоа им е нивото“, пишува Димитров во дел од коментарот.

Поврзани новости