Димитров за Трајковски: Кога носеше непопуларни одлуки мислеше на иднината, а не на идните избори

by fokus

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров денеска му посвети текст на поранешниот претседател на Македонија, Борис Трајковски и порача дека нему му должиме многу.

-Беше голем човек, и буквално и како лидер и како морална сила. Имаше и голема насмевка и широка прегратка. Си го сакаше народот и душата му се корнеше за нашите маки. Му должиме многу, иако тогаш тоа не сите го разбираа. Кога носеше непопуларни одлуки мислеше на иднината, а не на идните избори. Денес живееме во мир и одиме напред, затоа што Претседателот Трајковски беше таму кога и’ требаше на својата земја. Слава ти!, напиша Димитров.

Поврзани новости